The Ten Lies of the Macedonism. 1-5 Лаги на Македонизмот 

Десетте Лаги на Македонизмот Part 2
проф. Божидар Димитров  2004

ПРЕДГОВОР

Секој историчар кој што завршил една книга, ненамерно си го поставува прашањето - што ќе кажат луѓето кои ќе ја читаат книгата после сто години.
Секој автор се надева, дека неговата книга ќе биде актуелна и после сто год. Мојот случај пак е совршено различен - јас се надевам дека мојата книга после сто години ќе биде заборавена. Инаку кажано се надевам дека, македонизмот како појава ќе изчезне и тоа не после сто год, а многу порано. За тоа оваа книга ќе се обиде да ја раскаже на достапен за секој јазик, вистината за начинот, по кој што е изграден фундаментот на македонизмот, т.е. за оние кои што немаат ништо заедничко со историската наука. Збир од лаги, со кои се утврдува длабоката древност на македонската нација, јазик и држава. Вистината е сосема друга - македонската нација, јазик и држава се продукт на великосрпската државна политичка мисла од крајот на XIX и почетокот на XX век. Теоријата за нив, формулирана од српските научници Новаковиќ, Цвииќ, и др... беше плод на заклучокот, „дека бугарското население во Македонија кое останало под власта на Османската империја, после создавањето на бугарската држава во 1878 г... неможе директно да биде посрбено". Новаковиќ јавно пишува: „како не можеме да ги посрбиме, нека барем во прво време да го отргнеме тоа население од бугарскиот народ, создаваќи му илузија, дека тоа е една одделна нација. Ако тоа се случи таа ќе биде мала и слаба и ако во иднина влеза во границите на Србија, лесно може да биде посрбена". Кралска Југославија, во која меѓу 1912-1915 г. и 1918-1941 г. беше вклучена Вардарска Маќедонија, која не ги послуша советите на своите научници и ги објави бугарите во Македонија за срби, и ги третираше како такви. За несогласност се разбира - куршум, затвор, нечовечки мачења. Српските комунисти и нивните наемници во Македонија излегоа поумни. Една година пред да дојдат на власт (1943) на „конгрес" во манастирот Прохор Пчински во Јужна Србија, го поставија создавањето на македонската нација, писмен јазиќ и држава. По утврдувањето на комунистичкиот режим во Нова Југославија во чии што граници после Втората светска војна повторно влезе и територијата на Вардарска Македонија, тие категории беа наметнати со силата на тоталитарната власт, ќоја продолжила 48 години. И бидејќи на истата таа власт и изгледаше контрапродуктивно да кажува кога и како се создадени „македонската" нација и јазик, беше измислена и нивната историја. Нормално таа започнуваше не во 1943г. а во длабоката древност, па за целта скромно се крадеше од грчкото /за античноста/ и од Бугарија /за Средните векови и преродбата/ минато. Во очигледниот тоталитарен режим, недостатокот на слободни медиуми и науки, лагите можеа да бидат наметнати без проблеми и треба да признаеме дека денес, половина век покасно, тие имаат значаен успех меѓу голем дел од населението во Македонија.
Демократијата е смрт за таквата претстава за историјата на македонските земји. Бидејќи, лагите една по една ќе бидат разобличени од слободните медиуми, слободно напишани студии, монографии, книги... Е, поради разни причини тоа нема да се случи веднаш. Веќе премногу луѓе во независната од 1992г. држава Македонија, се должни за обштествени позиции и благосостојба на македонизмот и точно тие се спротиставуваат со сите сили на вистината, за историјата на македонсќата нација и јазик. Не сакаат да ја кажат простата вистина, деќа тоа е српска државна идеја, со сила наметната во 1944 г., и оддржувана со репресии до 1992 г. и со многу пари после таа дата.
Во едно демократско општество, националното самоопределување е прашање на светото лично право. И бидејќи авторот на оваа книга е демократ, целта во истата не му е да го сруши евентуалниот „маќедонски" идентитет ќај читателот од Вардарска, а и Егејска Македонија, а само да им ја раскаже историјата на нивната земја и нивниот род.

ПРВА ЛАГА

Современа Македонија и македонсќиот народ - наследници на Античќа Македонија и античките Македонци.

Историската наука одамна утврдила дека античките македонци се племе, кое било дел от грчката етничка заедница и чија територија до 4 век пр. Хр. се наоѓала во денешна Северна Грција. На територијата на Вардарска Македонија имало
------------------------------------------------------------------------

Крштевањето на бугарскиот цар Борис I (852-889). Медаљон на икона во црквата "Св. Кирил и Методи" Ресен, XIX век.
------------------------------------------------------------------------
мала држава со монархијска форма на управување, населена главно со траки и илири, а управувана од владетели и аристократија со грчки имиња. Уште во антични времиња имало спор создаден по политичка причина, околу тоа дали македонците се грци или не.
Едно е јасно, дека тие не се славјани какво што е по потекло денешното население на Македонија и кое се населило на Балканите во VI век од новата ера т.е илјада години подоцна. А политичка причина која предизвикала уште во Античноста спорови меѓу грчката политичка елита по прашањето дали се грци македонците, се создава откако македонскиот цар Филип II решил да ја реализира својата брилјантна идеја да го обедини разделениот на стотици градови - држави грчки свет, во една грчка државна формација. Филип и син му Александар Велики не само што успеват да го сторат тоа, туку успеваат дури и да го завладеат речиси целиот Балкански полуостров, Мала Азија, Блискиот Исток. Таќа создадената огромна држава се распаѓа на одделни царства, по смртта на Александар Велики во 323 год пр. н.е, а како цареви стануваат

-------------------------------------------------------------------------

Бугарскиот цар Михаил - Борис I (852-899) претставен како ктитор на манастирот Св. Наум покраj Охрид, фреска XVII век
-------------------------------------------------------------------------

различни полќовници на Александар, кои воедно стануваат и родоначалници на нови династии. Македонија се враќа во старите граници, и во 167 год пр.н.е е окупирана од Римјаните, а населението ќое преживеало по крвавите војни со Рим, веке како римско ја споделува судбината на античките народи на Балќаните - Траки, Трибали, Илири.Тие се безмилосно исчистени од т.н варварски напади на готи, хуни, авари, славјани, бугари, кои ги напаѓаат Балканските земји меѓу средината на III и средината на VII век од н.ера т.е. во период од 400 години. Со нападите кои ги организирали на секои 2-3 години т.н варвари, кои доаѓале од денешните руско-украински и романски рамнини, ги напаѓале териториите на југ от Дунав со тоа што убивале мажи, одвлекувале жени, деца, земале огромни стада со добиток и вршеле други грабежи, палеле и разрушувале градови и села. Преживеаните антички жители на античќите провинции Мизија, Тракија, Македонија, преплашени бегаат на југ во големите и никогаш не освоени градови Константинопол и Солун. На нивните места одново се населуваат, дел од напаѓачите варвари, кои добиле от
------------------------------------------------------------------------

Бугарскиот цар Борис I (852-889), претставен како ктитор на Кичевскиот манастир СВ. Богородица Пречиста, фреска XIX век. Името на бугарскиот цар е избришано од раката на безбожен србоман
------------------------------------------------------------------------
римските власти статут на федерати /сојузници/ а после тоа и на римски поданици. Но и тие се протерани по извесно време од следниот варварски бран.
При крајот на VI век од документите на ерата /административни документи, хроники, истории, литературни творби/ потполно изчезнува името „Македонија" и „македонци" за одбележување на настани и луѓе во нејзината античка територија. Од VI до XVI век како „Македонија" била нарекувана територијата меѓу Одрин и Цариград /Истамбул/. Адекватно на тоа и населението било нарекувано „македонци". А самата Македонија или делови од неа ќе бидат наречени со други имиња - Кутмичевица, Керамисијски полиња. Јасно е дека преживеаните антички жители от таа територија, биле преселени во плодородните полиња на денешна Источна Тракија. Властите на Источната Римска империја (Византија) во VI век решиле дека не можат да ги одбранат македонските провинции, па го собрале населението кои ги населувало истите, во прекрасните рамнини под sидините на империјската престролнина. Тоа го направиле со цел населението ем да

---------------------------------------------------------------------------

Бугарскиот цар Борис I (852-889) претставен како ктитор на Дебарскиот манастир Св. Иван Бигор, фреска 1871 г. Безбожна рака го избришала името на бугарскиот цар и напишала на бугарски јазик „Св. Стефан цар Дечански"
---------------------------------------------------------------------------
го брани градот во случај на варварски напади, ем да го храни милионското население, во мирно време.
Тоа население, нарекувано по името на областа „македонци" е со грчко етничко сознание и како грчко ја населувало областа на денешна Турска Тракија /заедно со бугари и турци/
се до 1922 год, кога било раселено на територијата на денешна Грција.
Таа е историјата потврдена от илјадници европски, американски, руски, бугарски научници, за судбината на античката македонска држава и античкиот македонски народ. Тие немаат ништо заедничко со современото население на Македонија. Но тоа не им пречи на приврзаниците на македонизмот да се сметат за директни наследници на античките македонци, како и да им го земаат името на државата и името на народот. А симболот на сонцето от гробот на Филип Македонски - звездата со 16 краци да ја објават за грб на државата. Навистина најпосле и поранешниот претседател на Републиката Киро Глигоров, изјави дека современите македонци немаат ништо заедничко со античките истоименици. Тогаш зошто требаше да се крадат имиња и симболи од Античката грчка историја и така да се отежнува меѓународното признавање на новата држава?
Тезата за античкото население покрај Вардар, треба да потврдиме дека продолжува да се експлоатира од влијателни и интелектуални кругови во Македонија па затоа истата не е призната со уставното име до денешен ден Во ООН Таму таа фигурира со чудното име ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија). Светот не е така добродушен за историските ќражби како мајка Бугарија, која ја призна Македонија прва и тоа под нејзиното уставно име.

-----------------------------------------------------------------------------------

Бугарскиот цар Борис I (852-889), икона во црквата „ Св. Богородица" во Битола.
Натписите се на бугарски јазик
------------------------------------------------------------------------------------

ВТОРА ЛАГА
„Чистите македонски словени" и „бугарите - татари"

Бугарскиот цар Борис I (852-889), икона во црквата „ Св. Богородица" во Битола.
Натписите се на бугарски јазик
Според владеачката теза за разликите помегу современите македонци и бугари, првите потекнувале од некакви посебни словени, поразлични од тие кои ги населиле земјите на
денешна Бугарија и Србија. Тие се населиле на територијата на денешна Македонија во VI век.

---------------------------------------------------------------------

Св. Седмочисленици, манастир „С6. Наум" крај Охрид, фреска XVIII Век
---------------------------------------------------------------------

На крајот на сето тоа се тврди дека „различните" од „македонските" словени /оние кои ги населувале земјите на денешна Бугарија/, биле покорени од „бугарите", кои пак биле „татари". И покрај тоа што „татарите" ја создале бугарската држава во 632 г., биле асимилирани од словените, но оставиле траен отпечаток врз современиот бугарски народ. Толку траен што не само обичните луѓе се заблудени од пропагандата на таа теза, туку и пратениците во македонскиот парламент, политичари и универзитетски професори сметаат дека е потполно наместо да скокаат на митинзи покрај бугарската амбасада во Скопје и да викаат „бугари-татари" и „бугарите во Африка". Но, да го оставиме настрана расистичкото однесување кон татарите - и ако е малку чудно за еден минијатурен балкански народ, затоа што и татарите се луѓе и и маат исто толку право на постоење, како и македонците. Да не забораваме, дека тие се и подревен народ - изворите покажуваат дека се етнички формирани уште во 11-12 век, а македонците како самостојна национална категорија се појавуваат дури во 1944 година. Како второ тие не пристигнале во Европа од Африка, а од Азија.

---------------------------------------------------------------------

„Св. Бугарски просветители, Св. Кирил", детал от икона, XIX век,
Кичевскиот манастир „С6. Богородица Пречиста". Натписите се на бугарски јазик
---------------------------------------------------------------------

Но да ги оставиме настрана очигледно погрешните податоци за татарите, кои ги добиваат македонските деца - проблемите на образованието во Скопје во случајов не не интересираат. Тезата за чистото словенско потекло на населението во денешна Македонија и тоа од некакви посебни словени, различни од тие кои се населиле во Мизија и Тракија, не е подкрепена со ниту еден документ од средниот век. Словените, кои го поплавиле Источниот и Централниот дел на балканскиот полуостров во VI век убивајќи и протерувајки го локалното античко население, се од една јазична група, наречена од целиот образован свет „бугарска група". Византија успева да си ја врати контролата над своите балкански области, кои веќе биле населени со словени /вклучувајки го и Пелопонес - крајната точка
на современа Грција/, во почетокот на VII век, но работите повтрно се променуваат во 681 год., кога создадената во 532 год., бугарска држава ја вклучува по една војна со Византија истата година и територијата на Мизија, населена со Словени и ја преместува својата престолнина во Плиска. Меѓу 681-837 год., Бугарија после неколку успешни војни со Византија и франкиската империја се претвора во огромна држава


-------------------------------------------------------------------------------

Св. Методи, деталот фреска на Св. Седмочисленици во црквата во село Велгошча, Охридско, XIX век. Натписите се на бугарски јазик
-------------------------------------------------------------------------------

чија територија ги опфаќала земјите на цела Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и територијата на денешна Македонија. Бугарите /понекогаш во науката нарекувани прабугари, протобугари/ не се ниту словени, ниту татари. Тие се високо организиран и високо цивилизиран народ од европската раса /инаку тешко дека би можеле да организираат толку силна држава, во толку оспоруван регион во Европа/. Релативно малку на број, тие се словенизираат во рамките на наредните 100-150 год. покрај многубројните словени, поданици на нивната држава, но која и до ден денешен го носи нивното име, како и веќе словенскиот по јазик народ, кој што ја наследува. Такви от развој на работите не е феномен во средновековна Европа - франките, кои го даваат името на Франција и французите се германско племе. А русите, кои што ја создаваат Русија - една безусловно словенска држава, се шведско племе кое се населило во Киев во VII-VIII век. Но што се случувало во Македонија во тоа време? Можеме да прочитаме што напишал во својот фундаментален труд „Средновековни градови и тврдини во Македонија" издаден во 1997г. во Скопје, истакнатиот македонски археолог и професор во универзитетот Св. Кирил и Методи - Микулчиќ. Книгата, голема на убава хартија со многу илустрации за информација е издадена не со пари од Софија, туку со средства на македонското министерство за образование и култура и на македонското представништво на фондацијата „Сорос". Истата книга не е издадена по време на „бугарската" влада на ВМРО-ДПМНЕ, туку по време на чистата „македонска" влада на Бранко Црвенковски. Што утврдил проф. Микулиќ? Сумирајќи ги резултатите од разкопините и сондажите во сите 538 стари градови и тврдини во Македонија тој соопштува, дека очигледно словенските завојувачи уште во почетокот на VI век го принудиле преживеаното античко население масовно да ја напушти Македонија /ние веќе објаснивме, дека истото се населило во денешна турска Тракија/. Но словените не се населуваат во Вардарска Македонија, истакнува проф. Микулчиќ. Невините хумусни слоеви врз античките урнатини сочат на тоа дека високите македонски планини на Вардарска Македонија не биле „атрактивни" како што пишува проф. Микулчиќ за дојденците од север. Затоа тие продолжиле на југ и се населиле покрај денешните грчки крајморски рамнини. Двеста години според Микулчиќ, Македонија останала без население. Првите новонаселеници биле прабугарите под Водство на хан Кубер, син на основачот на Дунавска Бугарија хан Кубрат. Околу 680-та година со околу 600 семејства тој ги напуштил земјите на денешна Унгарија и по патот Белград - Ниш - Скопје се установил засекогаш на така наречените Керамисијсќи полиња - тоа се Битолско, Прилепско, Ресенско, Охридско и Корчанското поле. Визатиските хронисти и некои бугарски камени натписи околу Мадарскиот коњак во денешна Североисточна Бугарија покажува дека и хан Кубер, основал во денешна Јужна Македонија држава наречена Бугарија, која во сојуз со Дунавска Бугарија превземала во 7-ми почетокот на 8-ми век заеднички дејствија против Византија. Нејзините дејствија против Солун биле одбиени, но затоа пак територијалното проширување на државата на запад во рамките на Денешна Албанија било повеќе од успешно - во околината на селото Врап е пронајдена голема прабугарска ризница, која сведочи за самиот факт. Вториот бран преселници според проф. Микулчиќ во останатите ненаселени земји на Вардарска Македонија бил пак од... прабугари.

Тие дошле и се населиле во Источна и Северна Македонија после победоносната војна на бугарскиот хан Крум во Тракија против Византија во 811 година. Проф. Микулчиќ покажува, дека во тврдините покрај Крива Паланќа, Куманово, Скопје, Тетово,
Гостивар, Штип се појавува грнчарија, бронзени предмети како и токи на ремени потполно идентични со откриените во бугарскатаа престолнина Плиска. А во рамнините покрај нив Микулчиќ ги одбележува посебните прабугарски населби зацврстени со земјен насип, наречени аули. Така за народот кој што живеел од Јадранското до Црното Море и од Дунав до Егеј се наметнало името, бугари заклучил Микулчиќ. Така е бидејќи тоа е историсќата вистина. Појасано и поточно неможат да го напишат ни бугарски историчари.
Да, но што следува от сето тоа. Особено, ако прифатиме дека прабугарите се татари. Излегува, дека населението на современа Македонија има сто процентно татарско потекло и оние кои викаат пред Бугарската амбасада се со чисто татарско потекло. Мирно, браќа македонци, не сте со татарско потекло. Прабугарите, како што ги нарекуваат научниците /или бугарите, како што и самите се нарекувале/ како што веке соопштивме, се сметаат од меѓународната наука за ви-соко цивилизиран народ - еден од водечките народи во цивилизацијата на Средниот век. Еден француски научник напишал, дека тие се мајата, од која што се прави за државен живот словенското тесто на Балканите. Затоа кога срби, хрвати, словенци, грци и албанци ве навредуваат кажувајќи ви дека македонец не е националност а професија, вие можете да им кажете, дека македонец означува бугарин од прва класа.

ЛАГА ТРЕТА

Светите браќа Кирил и Методи, свети Климент, свети
Наум, свети Гораст, свети Сава, свети Ангелариј „Маќедонски просветители" и „автори на македонската азбука"

Според луѓе од Скопје, кои што безсрамно се нарекуваат историчари, Кирил и Методи биле македонци и ја создале македонската азбука, т.н глаголица. Такви докази во древните хроники и житија на светите браќа се разбира нема. За скопските „историчари" е доволно, што тие се родени во Солун, а како што тие викаат - Солун е во Македонија.

------------------------------------------------------------------------------------

Св. Наум Охридски, фреска во село Велгошча, Охридско, XIX век. Натписот е на бугарски јазик
------------------------------------------------------------------------------------

Со името Македонија во тоа време се означува како што видовме, сосема друга географска област. Македонци биле и нивните ученици, Климент, Наум, Ангелариј, Сава, Гораст, кои што ги придружувале солунските браќа во Моравската мисија. После неу-спехот на истата и по смртта на Методи во 886 год. /Кирил починал порано во 869 год./ тие „емигрирале" во Бугарија и пристигнале во бугарската престолнина Плиска, но се скарале со бугарскиот цар Борис I и после неколку месеци „избегале" во, својата татковина „Македонија". Причина за кавгата била... состојбата што бугарите веќе имале азбука која што била наречена - „кирилица" /истата која што и денес се употребува во Бугарија, Србија, Русија, Украина, Белорусија и Македонија/, и не сакале да пишуваат на Ќирило-Методиевата глаголица. Се вратиле во „родната" Македонија /тука авторите срамежливо премолчуваат дека Македонија е во границите на бугарската држава/ каде што започнале да проповедат христијанство со книги напишани на глаголица т.е. на „македонски" јазик. Покасно и во денешна Македонија, бугарските окупатори ја вовеле „кирилицата".


----------------------------------------------------------------------------------

Св. Кирил и Методи, икона од црквата во манастирот Лешок, Тетовско, XIX век. Натписот е на бугарски јазик

----------------------------------------------------------------------------------

Побесрамни лаги тешко да се најдат и во сите останати тези на македонизмот собрани заедно. Ниту еден збор од кажаното погоре не е вистинита. Поинаку кажано во документите кои достигнале до наши дни, нема никаква трага од податоците во полза на кое и да е од горните тврдења. Но има докази во изобилство, кои сведочат доволно убедливо, за тоа дека сите настани во врска со создавањето и разпространувањето на словенската писменост се извршило само од бугари. За македонци никаде не се спомнува, бидејќи таков народ во таа епоха просто не постоел. Каква е вистината според постоечките автентични документи. За народността на Кирил и Методиј во светската наука се спорело многу, но спорот бил околу тоа дали се бугари или грци. Денеска меѓународната славјанистика го смета спорот за решен - Кирил и Методи и ако биле синови на високопоставен византиски чиновник, се од бугарско потекло. Византија не е грчка држава, а многунационална империја и нема ништо чудно во фактот, дека еден бугарин можел да има таква работа. Како што е познато од житието на Кирил, тој во еден разговор за време на својата мисија, кажува дека дедо му

----------------------------------------------------------------------------------

„СЗ. Кирил и Методи, СВ. Болгарски просветители" икона од Кичевскиот манастир „Св. Богородица Пречиста", XIX век. Натписите се на бугарски јазик. Бугарската азбука е напишана на пергамент, кој што светите браќа го држат во раце. Во таа азбука недостигаат многу букви на современата македонска азбука, но има и други, превземани од азбуката на србинот Вук Караџиќ
----------------------------------------------------------------------------------

бил аристократ „близок со царот" но бил принуден да емигрира во Византија. Во тоа време словените /крајот на VII век/ имаат само една држава - бугарската, така што царскиот двор, каде што се одвива настанот, може да биде само бугарски. Најпосле одличното владеење на словенскиот јазик е последниот силен аргумент во полза на бугарското потекло на браќата. Грците никаде не би можеле да научат словенски јазик до таква совршеност - во тогашните школски институции недостигаат катедри по словенска филологија. Верзијата, дека двајца грци можат да научат словенски јазик од селаните по солунските пазари /околината на Солун навистина била населена со словенско население/ не може да издржи сериозна критика. Од сиромашниот фонд на зборови на селскиот речник, кој што може да се научи на пазарите, тешко може да се преведува комплицираната филозофска материја, на светите христијански книги.


------------------------------------------------------------------------------------

Икона на Кирил и Методи во црквата Св. Недела во Битола. Натписот под неа гласи: Български просветители въ Преславъ 1873. Неспособна безбожна рака го избришала бугарски но го оставила Преславъ. Очигледно безбожниот србоман не знаел, дека Преслав е престолнина на Бугарија во IХ-Х век


------------------------------------------------------------------------------------

„Св. Йоан Владимир Български", фреска од Дебарскиот манастир „Св. Иван Бигор" XIX век. Безбожна рака го избришала „Български" и напишала „Елбасански". Натписот е на бугарски јазик
------------------------------------------------------------------------------------

Потеклото на Климент, Наум, Ангелари, Сава, Гораст е по веќе од јасно - тие се родени кажуваат нивните животописци /кои се и нивни ученици/ во Мизија, денешна Бугарија, од благородни родители. Тоа е нормално - тие биле млади бугарски државни службеници задолжени со мисијата да го изучат словенското писмо и броеви во Великоморавија и да го пренесат во Бугарија, а тоа и го прават зимата во 886 година. За никава кавга со бугарскиот цар Борис I не пишуваат нивните современи биографи, голем дел от кои се странци. Напротив тие соопштуваат дека Климент е из-пратен со мисија во Охрид лично от цар Борис кој му подарил три болјарски куќи. Но нешто повеќе, бугарскиот административен управник на областа Кутмичевица, во која бил Охрид бил сменет и на негово место со Климент заминал нов регионален управник - Домета. Нему му било порачано да го слуша и да го исполнува сето она што ќе му биде кажано од Климент, кој очигледно бил награден не само со црковна, а и со административна власт во денешна Македонија. Така ли постапува еден цар со доскоро непознат туѓинец, со кого после два-три месеца комуницирање се скарал и тоа за


-------------------------------------------------------------------------------------

Св. Седмочисленици, фреска од црквата „Св. Кирил и Методи" во Ресен, XIX век. Натписите се на бугарски јазик
-------------------------------------------------------------------------------------

фундаментално прашање - на каква писменост да се пишува во државата? Вистината е сосема поинаква. Климент бил задолжен со нова важна мисија - да подготви тајно од грчките епископи, кои после 870 год. по решение на Цариградската управа ги управуваат бугарските црковни области, неколку илјади бугарски свештеници кои што го владеат словенскиот писмен јазик и да го организира производство на словенски книги за богослужба. Сето тоа со цел, еден ден после неколку години да се отфрли грчкиот јазик од богослужбите по илјадниците бугарски цркви. Како што е познато во изградениот од Климент манастир Пантелејмон во Охрид со пари на цар Борис I, Климент за седум години подготвил 3500 свештеници. Некаде во Северна Бугарија /далеку от престолнината Плиска - се претпоставува во манастирот Мурфатлар во Романија/ Наум исто така подготвил илјадници свештеници и книги. Истото го правеле и Сава и Гораст во град Берат /кој денес се наоѓа во Албанија/. Тоа му дозволило на цар Борис I во 893 год. да свика народен собир кој донесол решение богослужбата во Бугарија да биде на роден јазик и писменост. Каква била таа писменост? Се разбира кирилица, создадена од Климент во Охрид помеѓу 886 - 893 година, за тоа има и јасни податоци во неговото житие. Средновековниот црковен биограф на Климент јасно пишува дека тој ја направил таа азбука, затоа што во процесот на обука забележал, дека комплицираните графички структури на глаголицата тешко се усвојуваат од учениците и ја создал кирилицата, која што има попрост графички систем. Дали кирилицата е македонска азбука? Секој читател на оваа книга може да се увери дали тоа е вистинито кога ќе влезе во црква и ќе застане пред икона или фреска на Св. Св. Кирил и Методи. Црковните канони барале тие да бидат со азбуката во раце. Како во најстарите така и во најновите, вклучувајќи го и новиот катедрален храм /Св. Климент/ во Скопје, читателот може да види, како држат свиткан пергамент со азбука со букви како „Ъ, „Ю", „Л" и други, кои отсуствуваат во современата македонска азбука, но присуствуваат во бугарската. Да, за жал современите македонци пишуваат на српската азбука, создадена од српскиот преродбеник Вук Караџиќ. А оние, што пишуваат со азбуката на Кирил, Методи и Климент се бугарите. Впрочем редум со портретите на цар Борис I во Дебарскиот, Кичевскиот, во манастирот „Св. Наум" како и во многу цркви, македонскиот посетител ќе види како ги нарекувале нашите прадедовци Кирил и Методи или „Св. Седмочисленици". Во икони или фрески тие се наречени „болгарски просветители од „Преслав", „болгарски" или само „болгарски просветители". Така е во црквите „Св. Богородица Кмменичка" во Охрид, во Кичевскиот манастир, во црквата, „Св. Ѓорѓи" во Ресен, во црквата „Св.Недела" во Битола, во црквата во село Бешишча, Мариовско и многу други. Впрочем, дека Свети Климент е бугарски државен службеник се гледа од фактот што во 893г. не архиепископот, а цар Борис I го назначува за „прв епископ на словенскиот јазик" во Струмица. Исто така цар Борис го назначува Св. Наум на неговото место во Охридската школа и му дава пари да го изгради манастирот „Св. Наум". Пред цар Симеон, Св. Климент поднел оставка неколку месеци пред да почине во 916 год., откако почувствувал, дека силите го напуштаат, според средновековните автори. Тоа е вистината за Кирил и Методи и нивните ученици, како и за нивната азбука. Бугарско дело, извршено од бугари во името на бугарската држава и бугарскиот народ. Во почетокот македонските лаги ги нареков „бесрамни" не случајно. По ова прашање тие

-------------------------------------------------------------------------------------
Натпис на бугарски јазик од 1313 г. за изградбата на црквата во село Старо Нагорчино, Кумановско

-------------------------------------------------------------------------------------

фалсификуваат свети христијански текстови, какви што се житијата на светците /сите учесници во создавањето на азбуката се објавени за светци од Светата православна црква, а Кирил и Методи и од Католичката црква/ или се прават, како да не постојат. Фалсификувањето на свети текстови, икони и фрески со ликови на светци е многу тежок грев и повеке од сигурно е дека во задгробниот живот тие измамници ќе вријат во казаните на пеколот до второто пришествие /второ то доаѓање на Христос/. А можеби и после него.

ЧЕТВРТА ЛАГА

„Македонскиот" цар Самуил и неговата „македонска" држава


Според македонски автори, кои се нарекуваат историчари без никаква основа, после векоки под „бугарско ропство" во 971 год. македонскиот народ се дигнал на востание против Бугарската власт под раководство на цар Самуил. Откако се ослободиле от „бугарско ропство" македонците влегле во лута борба со Византија и по долга војна „Првата македонска држава" или „Самоиловата држава", како што ја пишуваат некои скопски автори, загинала во 1018 год. под ударот на грците и нивниот император Василиј II Македонец. Да, така е целосното име на Василиј II, затоа што бил роден во Источна Тракија покрај Одрин, каде пак биле населени во VI век остатоците од грцизираното античко македонско население.

-------------------------------------------------------------------------------------
Крали Марко (1371-1394), владетел на Прилеп, опеан во србските и хрватските народни песни како „бугарски јунак", фреска од манастирот „Св. Димитар" крај Скопје

-------------------------------------------------------------------------------------

Така учат во училиште македонските деца, така пишува во дебелите „академски" истории на Македонија и тоа го знаат за жал, за цар Самуил граѓаните на Македонија по млади од 60 год. Толку веќе трае лансираната по 1944 година лага. Лага, навистина и тоа стопроцентна. Етничкото потекло на цар Самуил и името на државата која ја управувал, никогаш не биле предмет на спор во медиевистиката /Меѓународно име но историјата на Средниот век/. Илјадници научници од Русија, САД, Англија, Франција, Германија, Србија секогаш пишуваат за драматичниот двобој меѓу Бугарија и Византија, кога станува збор за настаните на Балканите во Втората половина на X и почетокот на XI век. Како и за бугарските цареви Роман и Самуил, кои ја раководеле Бугарија во тоа време. Тоа е сосема нормално, затоа што сите зачувани документи од таа епоха /грчки, србски, бугарски, латински, ерменски, арабски/ зборуваат за бугарското царство и бугарскиот цар Самуил. Пред десет години објавив награда од 100 000 германски марки на оној, кој ќе покаже документ од истата епоха, во која Самуил е објавен за македонски цар, а неговиот народ за „македонци". Сеуште чекам. Како што се уште чекам и одговор на мојата покана, македонските електронски медиуми да ми овозможат средба - дебата со македонски академски научник по прашањето за Самуиловото царство. Тоа нема никогаш да се случи по простата причина што и десет македонски академци да седнат од една страна, нема да можат да водат спор по прашањето, дури со еден-единствен бугарски студент по историја. Тие просто нема да имаат /покрај бројот на титулите/ ниту еден-единствен аргумент во полза на македонската теза. Каква е вистината за цар Самуил? Што раскажуваат документите? Тоа, дека во 971 год. при една од многуте бугаро - византијсќи војни е освоена бугарската престолнина Преслав и биле заробени бугарскиот цар Борис II и неговиот брат Роман. Тие биле однесени во Цариград и насилно принудени да абдицираат. Според средновековните закони тоа значело дека бугарските војски кои се уште војувале требало да се предадат. Меѓутоа бугарите откажале да се предат и под раководство на Самуил, син на еден од десетте областни управници, ја продолжиле успешно војната. Самуил не се објавил за цар, затоа што според бугарските закони, додека царот е жив /макар и заробен/ останува на чело со Бугарија. Во 980 г. цар Борис и брат му успеале да избегаат од пленство, но на границата со Бугарија цар Борис II бил убиен од „бугарски граничар бидејќи бил облечен во романски алишта", пишуваат средновековните хронисти. Во согласност со бугарските закони, брат му Роман бил објавен за цар на Бугарија и резидирал во Скопје, кое станало престолнина на Бугарија. Во 992 г. цар Роман бил повторно заробен од византијците во Скопје и фрлен во затвор, каде воедно и починал во 997 г. Во текот на тој период Самуил бил само „гуљам" како што пишува еден средновековен арабски писател т.е. само командант на вооружените сили на Бугарија. Дури откако пристигнала вестта за смртта на Роман кој починал во Цариград и не оставил наследници, Самуил бил прогласен за бугарски цар. Тој го одбрал Охрид за престолнина на Бугарија. Сето тоа покажува дека Самуил и покрај тоа што ја имал целата власт во државата уште во 971 г. /во неговите раце била армијата/ со целото поведение саќал да покаже дека се придржува кон бугарските закони и е добросовесен бугарски државен службеник. Затоа се објавил за цар на Бугарија дури во 997 г., кога бугарските закони го дозволувале таквиот акт - старата династија немала веќе ниту еден машки наследник. Многу се документите кои покажуваат дека државата управувана од Самуил е Бугарија, затоа ќе напомниме само неколку. Во Охрид а не на друго место оди по времето на Самуил од окупираниот од византијците Преслав, бугарскиот патриарх и Охрид за долго време станува центар на бугарската патриархија. Е, може ли престолнина на бугарска патриархија да биде во административната престолнина на туѓа држава. Сосема прабугарска е административната терминологија на државата - во Охрид има кавхан, ичиргубоил и т.н. Но смртен удар врз македонската теза за цар Самуил нанесе нај неочекувано откриениот во град Битола во 1956 г. голем натпис врз камен блок, кој според содржината стоел на влезот на заштитниот зид на средновековна Битола. Натписот е направен по заповед на цар Иван Владислав, внук и наследник на цар Самуил во 1016 г. /две години после смртта на цар Самуил/. Во тој долг натпис цар Иван Владислав раскажува за победи и порази во војните со Византија и соопштува, дека е „бугарин по род" - „заштитник на сите бугари" и дека тој ги направил заштитните sидови на Битола „за спас на бугарите". Со други зборови цар Иван Владислав објаснувал каков е народот кој во 1016 г. Живеел на територијата на денешна Македонија, каков е тој по народност и на која држава е цар - бугарски, бугарин, Бугарија. Можам да си претпоставам какви физиономии направиле македонските „научници" при вестта за наоѓањето на натписот. Затоа тој најголем словенски натпис откриен досега, со чија сопственост би се гордеел секој светски музеј од откривањето па до ден денешен стои заробен во подрумот на битолскиот музеј, искршен на неколку парчиња. Ете тоа е научната совест на македонските „историчари".
Во интерес на вистината некои македонски историчари очигледно се чувствуваат посрамотено /сепак во секој голем град на Грција има улица Василиј Бугароубиец/ го нарекуваат царството Бугарија од тоа време „Самуиловата држава" а не „македонска". Ним ќе им напоменеме, дека светската практика е државите да се именуваат по името на народот кој ги населува, а не по името на нивниот нов раководител. По логиката на истите македонски научници денешна Македонија треба да се вика „Киро-Глигоровата држава". И повторно во интерес на вистината треба да ја споменеме варијантата на македонската теза за цар Самуил и неговото царство која се распространува во последните 5-6 години на XX век. Очигледно осознаваат дека не можат во условите на демократија, да ги кријат повеќе автентичните документи од општеството, некои македонски „историчари" признаваат, дека цар Самуил се нарекувал „цар на Бугарија" а неговиот народ се нарекувал „бугарски". Но тие се чувствувале „македонци" /интересно е како го разбирале современите македонисти тоа „чувство"/, а името „бугари" и „Бугарија" ги узурпирале, за да ги почитуваат нивните „непријатели". Бидејки бугарите и Бугарија се прочуле и се здобиле со слава и почит во минатите векови како народ и држава во Европа. Тоа дека Бугарија во тоа време VII-XI век била голема, силна, ценета држава која што ги почитува своите непријатели тоа е вистина. Вистина е дека, бугарите се славен и почитуван /и не само во тоа време/ народ. Но вистина е исто така, дека ако беше „македонец" а неговиот народ „македонски" цар Самуил ќе го земеше нивното име. Затоа што треба и јас да признаам нешто. Македонија од времето на Александар Македонски е далеку по прочуена и славна од средновековна Бугарија во средновековна Европа, каде што „Александрија" /романот за подвизите на античкиот македонски цар/ била најчитаната книга. Воопшто таа теза очигледно е склопена сосема набрзо. Македонските „научници" не се сетиле дека „Самуил - првиот македонски цар" е објавен од нив за најобичен мародер на имиња и народи. Всушност не ли го изразува точно таа теза потсвесно мародерскиот менталитет на дел од современата македонска историска „наука"?


ПЕТТА ЛАГА

„Охридската архиепископија /1019-1767 г./ - македонска црква"

Според македонските историчари в текот на горе наведениот период постоела независна македонска црква со центар - Охрид. Некои дури тврдат, дека таа била основана од Свети Климент и ја нарекуваат „Климентовата црква". Тие тврдења на македонските „историчари" им даваат основа на современите македонски архиереи во македонските епархии да барат обновување на независна македонска црква, но не под името Македонска патриархија, а под името Охридска архиепископија. Каква е вистината? Свети Климент никогаш не ја создал Охридската архиепископија - таа била основана уште во римските времиња, т.е. 500-600 години пред тој да се роди. Во 870 г. таа станува структура на бугарската архиепископија, а од 917 г. - на Бугарската патриархија. Свети Климент никогаш не бил нејзин титулар. Во Охрид меѓу 886-893 г. тој е во својство /во црковен однос / на монах, раководител на училиште за свештеници и скриптори. За епископ е назначен Во 893 г., но во Струмица. Меѓу 973-1018 г. Охрид е престолнина на Бугарската патриархија. Во 1019 г. во Охрид навистина е создадена независна архиепископија, која што постоела до 1767 г. Тоа го направил завојувачот на Бугарија император Василиј II Македонец Бугароубиец. Трите потврди /грамоти/ за нејзиното создавање се зачувани, издадени от западноевропски научници и текстот им е недвосмислен. Василиј II изјавува дека откако ја покорил Бугарија се замислил како да го организира во црковен однос бугарскиот народ. Но не можел да им остави патриархија, не можело во една држава да има две патриархии. Но не сакал да ги потчини и на Константинополската патриархија бидејки тоа можело да послужи како повод за востанија и бунтови. Затоа ја понижил Бугарската патриархија во ранг на архиепископија со центар во Охрид, но ја зачувал нејзината независност со тоа што ги оставил под нејзина надлежност сите земји во бившото Бугарско царство. Дури е запишано во нејзиниот устав, дека архиепископот секогаш треба да биде бугарин. Официалното име на архиепископијата било во годините помеѓу 1019-1767, кога била затворена „Бугарска автокефална /самоуправна/

-----------------------------------------------------------------------------------
Натпис од црквата „Св. Димитар" во Скопје. Содржина: Направи се тази гробница съ пожертвуването отъ православните българи в 1864 г. март Скопие". Натписот е симнат и исфрлен во дворот на црквата во 1963 г. Друг натпис кој што покажува, дека црквата е изградена от „бугарите во Скопје" е симнат уште во 1913 г. искршен и фрлен во Вардар. Бог да им прости на безбожниците

------------------------------------------------------------------------------------

архирпископија". А нејзиниот титулар и се потпишувал во сите документи во текот на тие седум и пол века од нејзиното постоење „Архиепископ на Охрид /или Јустиниан Прима - античкото име, како што се мислело тогаш, на Охрид/ и на Цела Бугарија". Спор меѓу научниците во светот по прашањето чија е архиепископијата во Охрид меѓу 1019-1767 г. никогаш немало, затоа што илјадниците документи, кој излегле од канцелариите, се недвосмислени - тоа е бугарска црковна институција. Со тоа се согласувале и нејзините титулари со грчко потекло. Познатиот книжевник Теофилакт например се потпишувал во официални документи /и покрај омразата која ја имал кон бугарите а ја изразувал во писма до пријатели/ со името Теофилакт Бугарски. А Во 1292 г. Византијскиот император Андроник Палеолог подарил на нејзиниот титулар навезана со злато плаштеница со надпис испишан со злато „на пастирот на бугарите, за да го спомнува во своите молитви императорот". Таа плаштеница до 1918 година беше чувана во Охридската црква „Св. Климент" а после таа година е во Националниот историски музеј на Бугарија.

----------------------------------------------------------------------------------

Мермерен рељефен украс на влезната врата на црквата „Св. Никола" во Штип, кој го имитира бугарскиот грб, XIX век
----------------------------------------------------------------------------------

Долга и славна е историјата на Бугарската автокефална архиепископија со центар во Охрид. Во различно време таа го управувала во црковен однос не само бугарскиот народ, но и србите, романците, албанците, дел од грците. Имала епархии дури во Јужна Италија. И нејзиното име секогаш било само едно - Бугарска.

Continue Лаги 6-10 на Македонизмот click here